Вести Македонија

Од судска медицина соопштија дека до крај на март се очекуваат сите извештаи за обдукциите

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, соопштија дека по трагичниот настан во Кочани биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите.

Биле формирани шест тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, патолози и тимови од МВР. Кај сите настрадани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите. Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот и ќе предадено во Обвинителството.

Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предадени на погребалното претпријатие.

„Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација“, истакна Станков.

И тој и деканот на факултетот изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе