Вести Економија Топ вести

Доларот значително ослабе, Еврото со историски раст во последниве 16 години

Еврото во однос на доларот забележа најголема неделна добивка во последните 16 години, затоа што вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично падна оваа недела, при што курсот на еврото во однос на американската валута скокна за повеќе од четири отсто.

Според индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, забележан е пад за 3,4 отсто на 103,90 поени, што е најниско ниво од ноември.

Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 1,7 отсто, лизгајќи.

Дали царините кои ги воведе Трамп за Кина, Мексико и Канада и нормално очекуваниот реципроцитет од погодените држави е причина за најголемиот неделен пад на индексот на доларот од ноември 2022 година останува на времето да покаже.

Меѓувреме администрацијата на Доналд Трамп се спрема за трговска војна и со ЕУ, за што веќе наголемо земјите членки на Унијата подготвуваат различни реципрочни сценарија и брз одговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировски преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Дејан Дејан

На македонските улици се гине за 50 отсто повеќе од ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе