Вести Економија Македонија Топ вести

Казни од 500 до 10.000 евра и затворање на 15 дена – министерот Дурмиши за трговците кои нема да објавуваат цени на производи

Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април, трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Додаде дека во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците на кој начин истите треба да се објавуваат и најави дека Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен и за маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе следуваат казни кои ќе се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена.

„Поради растот на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата, на почетокот на неделата, Собранието на предлог на група пратеници ги изгласаа измените на Законот за заштита на потрошувачите. Со овие измени, трговците, почнувајќи од средината на април, ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет страници. Законот, кој очекуваме деновиве да биде објавен во Службен весник, предвидува во рок од 45 дена, од денот на влегување на сила на истиот, трговците на своите веб страници да ги објават цените на сите производи кои ги продаваат во своите продавници“, рече Дурмиши на денешната прес-конференција.

Тој информираше дека во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците кои ќе пропишуваат на кој начин ќе треба да се објавуваат цените од страна на трговците. Напомена дека со овие законски измени очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурентност и намалување на цените.

„Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари. Ќе знаат секој производ во кој маркет и по која цена се продава. Можат сами да одберат кој производ да го земат и од кој маркет. Ваквата мерка ќе придонесе и до зголемување на конкурентноста меѓу трговците и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ колку чини“, додаде Дурмиши.

Како што и претходно информираше, овие две мерки се веќе на сила и ќе траат заклучно до 30 април, а ќе бидат опфатени и претстојните празници.

„Со одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на трговија на големо и мало на 120 групи на производи или на над1.000 прехранбени и непрехранбени производи, опфатени се пет проценти бруто профитна маржа на основните осум прехранбени призводи – млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт, кисело млеко и други. Десет проценти бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи – месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини и други. Петнаесет проценти бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи – свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија“, рече Дурмиши.

Како што напомена, Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе