Вести Култура

Тамара Ристоска избрана да учествува на програмата за таленти на Берлинале

Актерката Тамарa Ристоска е избрана да учествува на престижната програма Берлинале талентс на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој ќе се одржи до 13 до 23 февруари. На 23. издание на оваа програма Ристоска е избрана меѓу 3,836 пријавени од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот.

Основана во 2003-та година, Берлинале талентс е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови..

Оваа година Берлинале талентс се одржува под мотото Listen Courageously – Cinematic Narratives in Times of Dissonance, фокусирајќи се на значењето и важноста на слушањето во уметноста. Во изминатите години, учесници на главните теми биле ѕвезди како Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет и Кристен Стјуарт.

Актерскиот опус на Ристоска вклучува улоги во филмовите „Мими“, „Return to Silent Hill“ и „Verified Target“, потоа краткометражните „Проблемот на Тина“ и „Обичната Ели“, како и македонските ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и „Тинејџерски Камп“.

Нејзини нови проекти се улогите во режисерското деби на Сара Климоска „Нова енергија“, филмот „Лубарда“ на Горан Радовановиќ, како и „Рака на правдата“ (Ruka Pravde) на Немања Ќераниќ, каде ја игра една од главните улоги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе