Загрижувачки се податоците кои во себе ги содржи мониторинг извештајот на европската комисија, но за сега нема официјално предупредување дека на Скопје може да му биде одземена номинацијата за европска престолнина на културата за 2028 година, вели министерот Љутков. Доколку се се случи, тоа би било погубно, бидејќи никогаш не се случило во историјата на Европа да се одземе оваа титула на одреден град,, додава тој.
Дали Скопје ќе ја одбрани титулата за европска престолнина на културата зависи од многу нешта и се надева дека ќе направат се што е во рамките на нивните надлежости, затоа што носител на титулата европска престолнина на културата е градот Скопје. Во меѓувреме Љутков вели дека е отежната комуникацијата со град Скопје, но верува дека во интерес на двете страни е да имаат барем професионална комуникација на задоволително ниво за да нема застој во подготовките за Скопје 2028 со што ќе бидат надминати сите забелешки кои се содржани во извештајот.
На денешниот брифинг со новинарите Љутков потенцираше дека е во постојана комуникација со сите европски амбасадори за Скопје да не ја загуби титулата, додавајќи дека Универзална сала, зградата на Централната пошта и Калето ќе бидат главни пунктови на културните настани. Со титулата Скопје европска престолнина на културата ќе се врати сјајот и идентитетот на градот.
Што се однесува до реконструкцијта на Универзална сала со измените на Законот за култура, кои вчера беа донесени се овозможи во Годишната програма за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти, која ја донесува Министерството за култура и туризам, по претходна согласност од Владата, покрај националните установи да може да бидат опфатени и локалните установи од областа на културата.
Нина Стефанова