Вести Култура

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2025 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

  • За пријавата е потребно доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2025 година и да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 26-ти пат.

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска („Три“, 2023) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировски преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Дејан Дејан

На македонските улици се гине за 50 отсто повеќе од ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе