Вести Економија Топ вести

Натегање околу цената на струјата – Електродистрибуција не се согласува со предлогот на регулаторите

Електродистрибуција не се согласува со предлогот на регулаторите за намалување на цената за дистрибуција во време кога кон нив има отворен милионски долг. На денешниот состанок во регулаторна било предложено услугата на МЕПСО, односно преносот да поскапи за 5,6 отсто, на МЕМО за 19,8 проценти, а кај Електродистрибуција да има намалување од 5,5 проценти со што од компанијата не се согласиле. Па сега се чека нивните забелешки да ги достават писмено и викендов повторно да се преговара.

Од Електродистрибуција за Телма соопштија дека биле незадоволни од предлогот поради, како што велат, непринципиелниот однос на РКЕ во услови кога кон компанијата има отворен долг од над 40 милиони евра уште од времето на енергетската криза.

„Во услови кога постои утврден долг кон компанијата од 2021 и 2022 година од над 45 милион евра, кој сè уште не е вграден во цената на дистрибуцијата, РКЕ има одлучено да ѝ одземе на компанијата приход од 2023 година од 6,3 милиони евра и на тој начин ја намалува цената за дистрибуција за идната година. Доколку на ова се додаде дека на Електродистрибуција не ѝ се признати трошоци за набавка на струја за покривање на загубите во мрежата од осум милиони евра, од компанијата стравуваат од можни потешкотии при финансирањето на предвидените активности“, велат за Телма од Електродистрибуција.

Ако викендов се договорат, на почетокот од идната недела регулаторите ќе ги гласаат одлуките за цената на преносот и дистрибуцијата која граѓаните ќе ја плаќаат во наредниот период.

Паралелно се крои новата цена на струјата за домаќинствата во која треба да влезат сите овие параметри. Понудата од ЕСМ до ЕВН ХОУМ е својата струја за домаќинствата да ја продава по 62 евра за мегават час или за 3,3 проценти поскапо. Нивната понуда била најповолна. На тендерот се јавиле и компании кои понудиле цени од 300, па и 500 евра за мегават час.

Според пресметките, во наредните шест месеци со 62 евра за потребната количина на струја за домаќинствата, ЕВН ќе треба да плати над 108 милиони евра. Новата цена ќе ја пресметаат тие, а потоа ќе треба да ја одобри Регулаторна. Одлуката треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од 1 јануари.

Премиерот Мицкоски повторно кажа дека покачувањето би се движело помеѓу 1 и 3 проценти. Инаку, реалната производна цена на ЕСМ е околу 118 евра, па од тука се поставува прашањето дали со 62 евра цена за домаќинствата, без државна помош и план за нови задолжувања, компанија ќе успее да излезе од лошата состојба во која се наоѓа.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе