Вести Економија Најважни Топ вести

Падна договор, дел од каматата на фирмите од унгарскиот кредит ќе ја плаќаат и граѓаните

Државата со пари од буџетот ќе им ја плаќа каматата на фирмите кои ќе земат кредит од унгарските пари. Под овој услов, домашните банки прифатиле да ги пласираат овие средства во стопанството со каматна стапка од 3, 25 отсто. Според, некои пресметки ако најголем дел од проектите со кои фирмите ќе аплицираат за парите бидат прифатени и ако рокот на отплата е 12, а грејс периодот 3 години, каматата за фирмите ќе ја чинат државата близу 100 милиони евра. Но, Владата и банките се уште преговараат за рокот на враќање на заемот.

-Ризикот го преземаат банките и за сметка на тоа ако се појави ризичен кредит инсистираа каматата да ја покриеме конкретно ние и се согласивме, но она што е отворено прашање, по кое што се уште разговараме тоа е рокот на отплата да биде 15 години со вклучен грејс период од 3 години согласно интерните политики на банките тие имаат рокови на отплата од 7 до 10 години и оставивме,  простор да се договориме за тоа дали може да го продолжат рокот, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Ова практично значи дека каматата на компаниите ќе ја плаќаат граѓаните кои го полнат буџетот. Кредитниот ризик на банките ќе го субвенционира  Владата, а бизнисот ќе добие исклучително поволни кредити.

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра. Следната година од таму ќе се земат нови  500 милиони евра за да се врати еврообврзница, а на домашен пазар државата  ќе позајми уште 600 милиони евра. Министерката Кочоска рече дека при креирањето на буџетот за идната година,  имало големи барања од министерствата. Ако сите се прифателе дефицитот ќе бил многу поголем.

-Ако беа вклучени сите нивни барања буџетскиот дефицит ќе беше 13, 5 отсто од БДП или во апссолутна бројка дефицитот ќе беше многу поголем и ќе надминуваше 2 милијарди евра, додава Кочоска

Во новиот буџет за плати се предвидени околу 780 милиони евра. Плус на ова се додаваат и повеќе пари за плати во образование и здравство, а има и простор за евентуално зголемување на минималецот, со што вкупната сума за оваа ставка би достигнала околу 1 милијарда евра. Повисоките пензии во март идната година пак чинат 280 милиони евра. Високо се проектирани капиталните проекти,  но министерката е оптимист дека ќе се реализираат  и дека растот ќе достигне до 3, 7 отсто.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе