Експертите со препорака – многу да се внимава во креирањето на новиот буџет. Треба да се има предвид дека се носи во време кога економиите на нашите најголеми трговски партнери се во лоша состојба, геополитичките случува се неизвесни, од друга страна пак домашниот јавен долг и дефицит растат, а очекувањата на граѓаните се големи. Затоа апелираат до Владата дека треба да се насочи кон суштински реформи.
Се помалку се зборува како ќе се обезбедат приходи, а се повеќе се зборува какви мерки и што се очекува значи тоа се големи предизвици а од друга страна видовте и светска банка потврди дека имаме значајно намалување на продуктивноста, што значи дека економијата не ни е во најдобра форма, вели универзитетскиот професор Борче Треновски.
Треновски кој беше дел од конференцијата за фискална политики во Тирана порача дека земјава е зрела за даночна реформа, односно да се разгледа дали треба да се зголемат постоечките даноци или пак да се воведат нови. Смета дека е крајно време да се реши работата на црно која зафаќа добар процент од домашната економија.
Воведување на нови даноци, поврзани со современи даноци за имот, карбон даноци, со акцизите поврзани даноци, луксузни даноци. Која е втората работа олеснувања имаме бројни имаме комплициран даночен систем. Но имаме уште еден проблем, собирањето на нашите даноци- имаме стотици милиони не собрани даноци. Државниот завод за ревизија само претходната година објави дека стотици милиони кои се пресметани не се прибрани во буџетот, додава Треновски.
Освен на прибирањето на парите во државната каса, мора да се посвети големо внимание и на расходите. Ќе мора да се крати кај министерства.
Ќе мора некаде и да се скрати. Тоа ќе биде непопуларна мерка но ќе мора конечно и тоа да се направи. Тоа може да се направи по министерства кога конечно вие ќе знаете со кој расход што треба да се направи и вие ќе знаете дали е тоа направено или не и треба да се скрати тој трошок. Ние се уште се бориме за големи расходи а никој не ги знае резултатите од тие расходи. А треба да има и одговорност од надлежното министерство, додава Треновски.
Министерството за финансии ги прави последните пресметки за новиот буџет и во вторник треба да се најде на владина седница. Според прогнозите на Светска банка годинава земјава ќе има раст од 1,8 отсто, а следната 2, 5 проценти. Сепак, министерката Кочоска очекува економијата во 2025 да порасне за 3, 5 проценти а дефицитот да биде 4 отсто.
Ирена Чачкова
