Вести Економија Топ вести

Идната недела се „одмрзнуваат“ маржите на производите од есенската кошничка

Есенска кошничка ќе има уште идната недела. За неколку дена завршува мерката со која за околу 70 производи се ограничи бруто профитната маржа на 10 отсто. Но, овие неколку недела откако е на сила граѓаните пред камерата на Телма велат дека не почувствувале некое позначајно поевтинување. Сметаат дека вака осмислена мерката не треба да продолжи.

И дел од експертите се на став дека мерката не треба да продолжи. Спасот од високите цени го гледаат во Законот за нефер трговија, но прашањето е кој ќе контролира дека се почитува.

„Мерката не даде резултати. Ниту оваа мерка, ниту претходните што се воведуваа. Ако почнеме да се занимаваме со вакви мерки, ќе заличиме на претходната Влада, а нели оваа Влада одлучи да прави структурни промени, барем во економијата и да даде добри резултати, но ако се продолжи со овие маркет кошнички, јас така ги нарекувам, тогаш навистина нема да има резултати, освен што ќе им се даде на луѓето една перцепција дека еве нешто се случува и дека ние еве се бориме против таа инфлација и покачување на цените на пазарот“, вели за Телма, аналитичарот Абил Бауш.

Претходно и министерката за финансии Кочоска рече дека мерката да се ограничи бруто профитната маржа на 70 производи е преобемна и институциите немаат капацитет да прават проверки. Затоа и Кочоска се изјаснила дека не треба да се спроведува.

Но, и покрај ваквите сугестии, министерот за економија Дурмиши е убеден дека мерката дава резултати. Пред неколку дена изјави дека производите поевтиниле во просек од 5 до 10 отсто при што едно четиричлено семејство заштедило од 700 до 1.360 денари.

Тој планира вакви кошнички со други производи да има и за Божиќ, Велигден и Рамазан.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе