Вести Економија Топ вести

Се крои нова цена на струјата, тендерот на ЕВН ХОУМ ќе биде објавен на 15 ноември

Според, информации на Телма, на 15 ноември универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ ќе го објави тендерот на кој ЕСМ треба да достави понуда за тоа по која цена ќе ја продава својата струја во следниот период. Сега цената на мегават час од електрани чини 60 евра. Дали ќе биде повисока или пак може би ќе се намали треба да се знае до крајот на идниот месец.

Според информациите,  за два дена односно на 24 месецов,  ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА треба да објави пак повик на кој ќе се избира понуда со цена на струјата со која ќе се покриваат загубите.  Енергетските компании  веќе ги доставиле и  пресметките за трошоците,  регулаторна ги анализира. Сите овие параметри влегуваат во крајната цена на електричната енергија за домаќинствата. Но, најмногу каква ќе биде таа ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ.

Компанијата извесен период работи лошо. Пoради тоа што Владата одлучи да не им дава пари од буџетот, тие од домашните банки побараа кредит од 80 милиони евра. Исто така, неизвесно е кога граѓаните ќе добијат уште еден час дневна евтина струја. Иако се планираше наместо до 15 домаќинствата да ја користат до 16 часот,  поради состојбите на пазарите за сега тоа нема да се случи, затоа што ќе мора да се укине евтината тарифа  по 22 часот која граѓаните најмногу ја користат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе