Ракометарите на Алкалоид во првиот натпревар од второто коло во Европскиот куп триумфираa над литванскиот претставник Драгунас со 42:31.
Со оваа победа освојувачот на трофејот во Купот на Македонија е на прагот на пласман во третата рунда од натпреварувањето, а гостувањето во Литванија ќе биде само верификација на настапот во третото коло.
Најефикасен во редовите на Алкалоид со 10 гола беше Никола Костески, девет постигна Арно Бинго, а шест пати прецизен беше Мартин Серафимов.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.