Спорт Фудбал

„Форбс“: Роналдо е најплатен фудбалер во светот – заработува двојно повеќе од Меси

Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот и заработува двојно повеќе од својот вечен ривал Лионел Меси. Четворица од 10-те најплатени фудбалери за 2024 година доаѓаат од саудиката фудбалска лига.

Роналдо во оваа 2024 година ќе заработи неверојатни 285 милиони долари, објавува финансискиот магазин „Форбс“ во својата традиционална топ-листа. Од договорот со Ал Наср, Португалецот ќе инкасира 220 милиони, додека преостанатите 65 милиони се од спонзорските договори. Интересно е тоа што Роналдо е на врвот на најплатени фудбалери по шести пат во последните 10 години.

Меси е втор на листата со заработка од 135 милиони долари. Аргентинецот интересно по преселбата во Интер Мајами повеќе заработува од спонзорите отколку од фудбалскиот договор. Па тој добива плата од 60 милиони, а 75 милиони долари инкасира од спонзорите.

Следни на листата најплатени фудбалери се Нејмар од Ал Хилал со 110 милиони, потоа Карим Бензема од Ал Итихад има заработка од 104 милиони долари.

Во Европа најплатен фудбалер е Килијан Мбапе со заработка од 90 милиони долари, а по него следуваат Ерлинг Халанд со 60 милиони, Винисиус Жуниор 55 милиони, Мохамед Салах со 53 милиони, неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Садио Мане зараборува еден милион помалку во Ал Наср, а десетте најплатени фудбалери ги комплетира Кевин де Брујне со заработка од 39 милиони долари.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе