Македонската фудбалска репрезентација и во вториот дуел од овој циклус на натпревари во Лигата на нации успеа да забележи победа.
Овој пат избраниците на селекторот Благоја Милевски на гостувањето во Ереван ја совладаа Ерменија со 2:0, а стрелци на головите беа Бојан Миовски и Исник Алими.
Со оваа победа Македонија се зацврсти на првото место во групата и е на најдобар пат во следното издание да биде дел од Б лигата.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.