Лошата состојба во енергетиката се поизвесно е дека ќе повлече нови задолжувања, но може да ја зголеми и цената на струјата. За да се истурка зимата најверојатно ќе се бараат кредити од домашните банки. Колку пари ќе требаат, зависи од тоа колку количини ќе бидат потребни за да се истурка зимата. Но, анализите за тоа се уште се прават. Досега за купување на струја се потрошија милиони. Во следните месеци потрошувачката ќе расте поради падот на температурите. На РЕК Битола не може да се потпреме, па поради тоа се разгледува опцијата за задолжување кај домашните банкари.
-За жал РЕК Битола не е во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока ќе гледаме да набавиме на подолгорочен период не на недела дена зошто е тогаш навистина многу скапо ќе гледаме да направиме за четврти квартал и првите три месеци од 2025. Во однос на финансиите со премиерот дискутиравме и тука имаме не е се уште финализирано но имаме добри шанси да добиеме финансиски средства. Се уште нема одлука но ќе бидат домашните банки, вели министерката за енергетика Сања Божиновска.
И од ЕСМ вчера потврдија дека РЕК Битола не е подготвен за претстојната зима, премиерот пак е оптимист, доколку има нова енергетска криза ќе влеземе подготвени.
ЕСМ веќе подолго време се соочува со проблеми во работењето. За да ја продава струјата за домаќинствата по пониска цена извесен период компанијата добиваше пари од буџетот. Но, дотур на средба нема подолго време. Дали поради тоа ќе поскапи мегаватот на електрани, а со тоа и струјата за домаќинствата појасна слика ќе има во ноември.
Никој не би сакал да има поскапување на струјата ќе видиме колку проценти ќе се понудат но во ноември би требало да се разјаснат овие работи, додава Божиновска
Од почетокот на годинава заклучно со 15 октомври ЕСМ потроши над 30 милиони евра за набавка на струја. Уште еден проблем кој исто така може да влијае на цената за домаќинствата е и тоа што државни институции му должат милиони на ЕВН поради неплатени сметки. Меѓу најголемите должници се железница, клиниките колекторски систем . Поради ова пред повеќе од една година дел од нив беа и пред исклучување.
Ирена Чачкова
