Македонија Топ вести

Прочистувањето на судството на стаклени нозе, Ванѓеловски не сака да каже дали е дел од тој процес

Еден месец помина по најавата а никој од судскиот совет не дошол во кривичен суд за да ја преиспитува работата на судиите по новата методологија со која уште пред нова година се пофали министерството за правда. Ова денеска го потврди претседателот на судот Иван Џолев. Според информации на Телма работата е заглавена на креирање методологија на сложеност на предмети. Тоа значи дека ке мора да се утврдат јасни критериуми по кој ке се оценуваат судиите. Сепак Џолев процесот не го гледа како прочистување туку унапредување на работата на судиите.

Како никогаш до сега работата на судиите е под лупа. Без разлика што не е по методологијата, претставници на Судскиот совет доаѓаат во судот и се интересираат за работата на одредени судии. Ете имаме и случаи на одлуки за разрешување како што се за поранаешниот претседател на Врховен суд Јово Ванѓеловски, поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 Владимир Панчевски и судијата Татјана Михајлова – Иван Џолев – претс на Основен суд Скопје 1.

Но токму судењето за Јово Ванѓеловски уште е на почеток и тоа во кривичниот суд. Денеска рочиштето се одложи оти судијката е во самоизолација. Тој пак е незадоволен од однесувањето на оштетената, неговата доскорешна колешка Лидија Неделковска поради која е на обвинителна клупа. Разрешен беше за сосема друг предмет, за притворот на бизнисменот Сеад Кочан но до денеска обвинителството најде незаконитости само во тоа што и скусил 500 евра пари кои требало да и бидат додаток на плата на Неделкова. Повеќе сака да зборува за неа отколку за тоа дали се чувствува како еден од прочистените.

Неколку денови пред Нова Година Министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателот на судски совет Киро Здравев и државниот обвинител Јово Ванѓеловски на заеднички настан го најавија прочистувањето на судиите и обвинителите. Судскиот систем е повторно една од причините и за лошиот извештај за новото на корупција во кој македонија назадува и е на 111 место во светот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе