Спорт Фудбал

Саутгејт се повлече од селекторската функција

Герет Саутгјет од денеска не е на чело на англиската фудбалска репрезентацијата. По неделниот пораз во финалето на Европското првенство, тој си поднесе оставка.

По осум години на клупата на Гордиот Албион, 102 натпревари и два последователни пласмани во решавачкиот натпревар за континенталната титула, Саутгејт се повлекува од селекторската функција.

Предводникот на националниот тим веднаш по враќањето на Островот, но во годините претходно беше под постојан притисок на јавноста која сметаше дека Саутгејт е главниот виновник што Англија во период кога има извонредна генерација на играчи не може да освои еден трофеј.

Педесет и три годишниот Саутгејт откако е на чело на репрезентацијата има 61 победа и 17 порази, два пласмани во финалето на европското првенство, полуфинале на Мундијалот во Русија, но токму фактот дека не е освоен ниту еден трофеј беше причината поради која се бараше негова оставка.

Како најсериозен кандидат за негов наследник се потенцира менаџерот на Њукасл, Еди Хау, а на листата се уште имињата на Грем Потер, Маурисио Почетино и Ли Карсли, кој е селектор на репрезентацијата до 21 година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе