Борба против Лажни вести Вести Македонија

Младите не препознаваат лажни вести, најчесто се измамени од насловите

Класичното следење на телевизиските канали полека изумира кај помладата генерација. Тинејџерите на телевизор гледаат само филмови на странски платформи. Социјалните мрежи имаат најголема популарност кај оваа возрасна група. Инстаграм е најкористен, а веднаш потоа следи тик ток. Дури 95% од учениците во прва и втора година средно одговориле дека мобилните телефони имаат значителен удел во нивното секојдневие. Истражувањето покажува дека тие не умеат да препознаат лажна вест, најчесто се измамени од насловите кои се објавени на сајтовите.

„Забележавме дека нивната медиумска писменост е релативна. Постои начин за да се подобрат и образовните програми со оглед на тоа што нивната активност на социјалните мрежи е на доста високо ниво“, вели Софија Ристова, агенција Рејтинг.

Шест од десет анкетирани ученици сметаат дека не добиваат доволно информации во училиште за тоа како да ги користат медиумите.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека потребни се подлабоки знаења и вештини за верификација на информациите и содржините на интернет.

„Истражувањето што го спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во иднина ќе се користи во поглед на давање поддршка во реформата на средното образование. Особено во делот на медиумска писменост за којшто особено сметаме дека е важен“, вели Дејан Докузовски, проект на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Истражувањето е спроведено на ученици од прва и втора година на возраст од 14 до 17 години.  Опфатени се вкупно 34.246 ученици од средните училишта.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе