Антонио Конте е нов тренер на Наполи откако потпиша договор до јуни 2027 година.
Италијанецот ќе се обиде да го врати тимот на победничките патеки откако имаше очајна одбрана на титулата. Сезонава Наполи заврши на 10.место на табелата во Серија А. По заминувањето на Лучијано Спалети, кој ја донесе титулата во Неапол, тимот промени тројца тренери Руди Гарсија, Валтер Мацари, па сезоната ја заврши Франческо Калцона.
Конте се враќа во италијанскиот фудбал по една година пауза и по неуспешната епизода во Тотнем. Во Серија А последно работеше во Интер, тим со кој го освои „скудетото“, а претходно беше на клупата и на Јувентус, Аталанта и Сиена, но и во тимот на Челси.