Вести Македонија Најважни

КОД: За грабнувањето на 14-годишното девојче постоел добро организиран план во кој групата водена од Палевски имала строга хиерархија

Обдукцијата на двете жртви на Палевски Палчо е готова и предадена во обвинителството, а осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски се уште е во екстрадициски притвор во Турција.

КОД  открива дека за грабнувањето на 14-годишното девојче постоел добро организиран план во кој групата водена од Палевски имала строга хиерархија.

Најмалку една разузнавачка агенција имала податоци за активностите на Палевски и на неговата партија Десна.

Истрагата за грозоморното убиство се уште е активна, а резултатите се скриени пред јавноста.

Во КОД вечерва (недела 24.12.2023 во 19:15) и ново истражување за тендерот на Државна Лотарија, на кој „добивка“ оствари една бугарска фирма. Последното издание на КОД за оваа година е на Телма по вечерните вести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски се сретна со Ивет Купер, државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија

Tea Dimkovska

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе