Вести Култура

Дарко Рундек со Биг бендот на ЗЏМ ќе го промовира неговиот последен албум „За ваша попладневна разонода“

Претпладнево генерална проба пред вечерашниот концерт на големата хрватска музичка ѕвезда Дарко Рундек, со Биг бендот на Здружението на џез музичари на Македонија. Концертот ќе биде промоција на последниот албум на Рундек насловен како „За ваша попладневна разонида“, снимен со Џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија.

Тој содржи нумери од различни фази во четиридецениската кариера на Рундек, направени во џез аранжмани, но и џез обработки на други хитови. Ваквиот спој на рок и џез, но и фолк, во неговото творештво, познатиот музичар и пејач го опишува како слобода во изразувањето.

„Ми се чини дека тоа е некако природно , човекот да биде љубопитен и да пробува што може да проба. Некој е во можност да проба повеќе, а некој помалку. Јас, да речеме, во музиката се чувствувам многу слободен да пробувам сешто“, порача хрватскиот пејач, музичар и текстописец, Дарко Рундек.

Промоцијата на албумот на Рундек во Скопје е прва надвор од Хрватска, а преговорите траеја околу две години.

„Супер испадна промоторот Зоки од Само МК Радио. Во еден разговор се договоривме дека вреди да го направиме ова. Ние како ЗЏМ, знаете имаме искуство со вакви соработки. Вчера имавме проба и мислам дека ќе имаме фантастичен концерт вечерва“, изјави Гоце Стевковски.

Покарј Рундек, кој ќе свири и пее, како придружни вокали на концертот во Македонската филхармонија ќе настапат Маја Ривиќ и Игор Павлица. Судејќи според атмосферата од пробата, „ попладневната разонода“ лесно ќе премине во уживање на публиката, вечерва.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе