Наводите објавени од ЗОО Скопје ги оценувам како институционално и системски погрешни, непрофесионални и целосно неточни, се наведува во реакцијата на ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков која Управата на Зоолошката градина ја посочи како одговорно лице за угинувањето на двата пингвина.
„Со цел за правично и професионално информирање на целокупната јавност и во насока на одбрана на моето лично достоинство и мојот професионален интегритет и знаење, наводите објавени од ЗОО Скопје ги оценувам како инстуционално и системски погрешни, непрофесионални и целосно неточни. Со оваа изјава сакам да ги демантирам информациите од Управата на ЗОО Скопје, за кои сметам дека се производ на лична и тенденциозна пресметка. На ЗОО Скопје им препорачувам да ги преиспитаат информациите кои ги споделуваат со јавноста, исто така им наложувам да ја повлечат изјавата и да ми се извинат, во спротивно ќе ги искористам сите материјални докази за покренување на прекршочни кривични пријави за нарушување на мојот личен, семеен и професионален углед“, наведува Левајковиќ Трајков во демантот испратен до ТВ Телма.
ТЕЛМА ДОЗНАВА: Изминативе два месеца во скопската Зоолошка угинале два пингвина