Вести Култура

Емилија Џипунова: Љубомир Бранѓолица имаше извонредно чувство за танцот

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави.  Тој имаше извонредно чувство за танц, а неговата музика за балетот „ Велеградски варијации“ беше новост во нашиот културен контекст, вели критичарката Емилија Џипунова.

Љубомир Бранѓолица како корепетитор имаше извонредно чувство за танц, а со првата компонирана музика за балетот „ Велеградски варијации “ направи бум на нашата уметничка сцена, вели Емилија Џипунова, балетски критичар и балерина од првата генерација наши балетски уметници, по повод смртта на најплодниот македонски композитор, кој не напушти во 90 година од животот.

Еден од ретките, многу добри корепетитори , кој имаше извонреден сенс за танцот, за играта и за балетските уметници. Тој дојде таму некаде 1957 година . Корепетираше на сите можни премиери кои во тие 4- 5 години се изведуваа. Љубомир Бранѓолица, публиката сигурно ќе го памети по првиот , негов, пна што би се рекло модерен или џез балет, да го наречам, Велеградски варијации“, компониран и изведен 1959 година , во кореографија на Олга Милосављева. Тоа беше навистина еден новитет и нешто што направи бум во нашата средина, вели Џипунова.

Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова.

Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“.

Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.

 

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе