Вести Македонија Топ вести

Илир Демири е нов директор на Клинички во Тетово

Илир Демири е нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој доаѓа на место на Плумб Вела, кој неодамна, од лични причини, се повлече од функцијата. Демири, како кадровско решение на министерот за здравство Кренар Лога, досега беше кооординарот во центарот за ковид-19 при Клиниката за инфективни болести.

„Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор“, се наведува во соопштението на министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Вие сте расипана: Трамп напушти интервју бидејки го налутија прашањата на новинарката

Kristina Kuzmanovski

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе