Вести Македонија Топ вести

Финансиските истражители почнаа проверки за купувањето на Соравиа, кредитот не минал низ македонските банки

Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година. Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прогласуваа дневниот ред на владини седници за класифицирана информација за интерна употреба.

Откако ДУИ го смени партнерот во владеачката коалиција, Бесиан Ахмети повторно во мај доби дипломатска функција но во амбасадата во Брисел како прв секретар кој треба да се грижи за привлекување на инвестиции од земјите на Бенелукс.

Пред да почне со дипломатскиот пробив во коалициски влади со неговиот чичко Али Ахмети, Бесиан заедно со братот, вториот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил директор во Еверест ЏД. Оваа фирма има концесија за минерални суровини во Букојчани и лиценца за мала хидроцентрала во Кичевско.

Дрин Ахмети кој сега со 0 евра инвестиција стана сопственик на 39% од Соравија центарот на прес конфернецијата рече дека неговиот брат Бесиан Ахмети одлучил да ја напушти Еверест на крајот на 2016-та, но не спомена дека станал економски промотор испратен во дипломатска мисија од тогашниот премиер Емил Димитриев и тогашните министри за економија и надворешни работи Дритон Кучи и Никола Попоски.

Таа (Еверест) беше префрлена од мојот брат на мене. Тој (Бесиан) не сакаше таков начин на живот и да ја води компанијата па ја префрли на мене во 2017-та. Оттогаш, од 2017-та па досега, таа е профитабилна и плаќа данок во УЈП секоја година. Можете да проверите, инсистираше Дрин Ахмети.

Сепак откако влезе во Соравија зделката, бизнис активностите на младиот Дрин Ахмети станаа главна тема на јавноста поради чичкото, но според сознанија на Телма почнале и проверки на финансиските трансакции на фирмите. Од Управата за финансиска полиција нѐ известија дека  „внимателно ги следат сите информации во медиумите па така и за конкретниот случај за кој се интресираме“ односно за Соравиа.

Ги земаме предвид сите индиции и информации кои се објавени од сите страни и внимателно ги следиме состојбите. Од добиени информации и сознанија вршиме анализа согласно законот за Финансиска полиција и ЗКП ќе доставиме соодветно образложение во писмен поднесок до надлежните обвинителства, велат до финансиската полиција.

Од финансиско разузнавање кратко ни одговорија дека трансакциите кои се поврзани со купувањето на Соравиа со кредитна линија од Крединс банката од Албанија не се регистрирани во државата ниту пак има некакво известување од странските финансиски разузнавачки агенции за сомнителен трансфер поврзан со Соравиа. Тоа значи дека со сигурност не поминала низ македонските банки. Обвинителството чека извештаи од сите надлежни за да одлучи за отварање на предмет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе