Вести Економија Македонија Најважни

Вработените во Царина и во УЈП на предупредувачки протест

И вработените во Царина  на предупредувачки протест. За време на получасовната пауза  пред зградата на царинската управа излегоа да го искажат својот револт. Бараат  веднаш да им се исплати додатокот на плата од 30 проценти за кои велат дека им следува законски, но дека  никогаш не го добиле.  Ако тоа не се случи предуредуваат- протестите ќе се радикализираат.

  • Во моментов голем делод УПОЗ бараат протести. Ние веќе решаваме и правиме протести. Не е исклучен  ниту генерален штрајк. Треба да разговараме,  дали сме подготвени и незадоволствотот е големо секаде. Не бараме преку леб погача, го бараме само она што ни следува – Трпе Деановски- претседател на УПОЗ.

За време на протестот пред зградата се појави и новиот директор на Царина, Богоев. Побара време да се запознае со проблемите затоа што е нов на функцијата, Не вети решение, но тврди ќе разговара и со финансии. Се надева  дека нема да дојде до радикализирање на протестите.

  • Со службите во царината ќе разговараме што до сега е направено и во координација сме со УЈП  каде имаат случен проблем. Ќе разговараме и со финансии, но не можам да ветам и д акажам нешто. Очекувам да добијам време за да се запознаам со работите. Ја сум неполни 24 часа на позицијата- Стефа Богоев- директор на Царина.

Со двочасовен протест од 10 до 12 часот  продолжија и работниците од УЈП. И тие се со истото барање. Од Управата веќе неколку пати предупредија дека ако не им се исполнат, одат на генерален штрајк што би значело колапс  на целата држава. Подготвоките за радикализирање на нивните протести се веќе се започнати. Револтот на вработените во овие две инистуици се појави откако министерот Бесими одлучи да исплати 30 отсто зголемување на платата на работниците само во неговите редови и тоа заклучно со  јануари годинава.  Но Бесими  и натаму останува на ставот дека  пробелмите во иснитуциите може да се надминат само со системко решение  кое ќе важи за сите, а не со поединечно договарање.

Во меѓувеме синдикатите  и владата преговараат и за нов Општ колективен договор и методологија за  плати во јавниот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе