Кошарка Спорт

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Николиќ

Само неколку часа по објавувањето на одлуката на комесарот за натпреварување во кошаркарската Прва лига за забрана на водење на екипата на 10 натпревари, МЗТ Скопје реши да ја прекине соработката со тренерот Драган Николиќ.

“Управата на клубот жали што дојде до ваква ситуација пред самиот крај на домашната сезона, во ситуација кога се бориме за десеттата шампионска титула во клупската историја. Популарниот Гаги имаше долги разговори со челниците на сино-белите, во кои беше дискутирана ситуацијата околу одлуката на КФМ и во кои дојде до взаемна согласност дека ваквата разврска е најчесен чин за клубот, по што уште еднаш искажа огромна љубов и потврди дека го оставил своето срце на најдобар начин на кој сметал дека ќе донесе резултат. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на Николиќ за сѐ што направи за време на престојот во „Јане Сандански“ и му посакува многу среќа во понатамошната кариера, со надеж дека патиштата повторно ќе ни се судрат некогаш во понатамошната иднина”, се вели во информацијата објавена на клупската веб страница.

На чело на екипата до крајот на сезоната ќе биде досегашниот прв помошник Васко Атанасов, кој веќе еднаш ја имаше улогата на прв тренер и тоа на гостувањето во Сплит во АБА лигата каде МЗТ Скопје успеа да забележи победа.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе