Вести Економија Топ вести

Увезените работници ќе доаѓаат од земји со 200 евра плата, домашните заминуваат за плати од 1.000 евра

Околу 10.000 работници годишно недостасуваат во земјава. Вицепремеритот Битиќи во потрага по кадар за работа. Најголем кусок има во градежниот сектор и во угостителството. Од овие дејности луѓето најмногу си замнувале на работа во државите каде има подобро плати и услови за работа. Битиќи категоричен.

Нема ограничувања, вратите се отворени за работници од сите држави. Од бизнисот се жалеле дека многу тешко можат да најдат кадар од она што е на располагање во Агенцијата за вработување.

  • „Бегаат за повисоки просечни плати. Кај нас 550 евра е просечна плата каде што одат да работат е 1.100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат, просечната плата е 200 евра. Тоа е природен циклус на движење“, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Инвеститорите, пак, кои се во земјава самите се трудат преку дуалното образование да го обезбедат потребниот кадар за работа. Германскиот амбасадор Ото Граф сугерира дека на овој проблем државата и инситуциите треба да работата заедно. Забелеши имаат и за сложените административните процеудри.

  • „Во однос на постапките тука секој оној кој води бизнис сака сите тие постапки да бидат брзи и ефикасни и онаа земја која тоа ќе го понуди ќе ги привлече инвеститорите. Се надеваат  дека земјава ќе ги забрза сите постапки“, изјави Ото Граф, амбасадор на Германија во земјава.

Изминативе години доста работници заминаа во други земји за повисоки плати и подобри услови. Угостителскиот сектор главно се испразни во времето на ковид-кризата. Од бизнисот веќе алармираа дека проблемот со работна сила може да биде уште посериозен, откако Германија ги олесни условите за работа.

Предупредија дека државата мора да преземе нешто, во спротивно штета голема ќе има економијата. Во следниот  период Германија ќе мобилизира околу 50.000 работници од Македонија и регионот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе