Анализите на цените на јајцата, шеќерот и домашниот ориз привршуваат и се чека на официјалната информација од министерството за економија за да се дискутира на Влада дали ќе се примени мерката за замрзнување на цената. Според вицепремиерот Битиќи овие индустрии имаат залихи кои треба да се потрошат и потоа да ги корегираат цените.
Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, цените на јајцата се поскапени од 29 до 93 отсто во зависност од типот и големината. Па така кај најбараниот тип на јајца класа А со големина Л има раст на цена од 29,1 процент и од 6,15 денари во 2021 година лани се продавале по цена од речиси 8 денари. 45 проценти поскапи се продаваат јајцата со големина М, додека најголемо поскапување има кај јајцата со големина Ц речиси 93 отсто и од 2,9 денари во 2021 година лани се продавале по цена од 5,6 денари.
Кога станува збор за тетстенините и млечните производи за кои Владата веќе донесе одлчуки за замарзнување на цените кои треба да стапат на сила од четврток, забележани се минорни намалувања.
Владата минатата недела донесе одлука со која цените на тестенините и на млечните производи се замрзнуваат и ќе бидат поевтини за 10 однонсо 15 отсто. За да се избегнат загуби Владата одлучи да ги укине царините за тестенините кои речиси да не се произведуваат во државата и со тоа да ја намали цената. Кога станува збор за млечната индустрија одлуката на Владата се темелеше на фактот што компаниите од оваа индустрија користеа субвенции а не ги намалија цените и со одлуката се опфатени млекото, јогурот, урдата, кашкавалот, сирењето, павлаката и киселото млеко.
Огнен Чанчаревиќ
