Во дербито на вечерта Голден Стејт по продолжение од пет минути го совлада Милвоки, а во дуелот за третата позиција на Западот, Сакраменто славеше над Феникс.
Голден Стејт забележа победа од 125:116 и ја прекина низата од три последователни порази. Стефон Кари мечот го заврши со 36 поени и шест скока, Донте ДеВиченцо забележа 20 поени и 10 освоени топки под обрачите, а Клеј Томпсон беше стрелец на 22 поени.
Во порзениот тим Крис Мидлтон и Брук Лопез постигнаа по 19 поени додека Џру Холидеј имаше учинок од 18 поени, девет скока и осум асистенции. Во дербито на Западот, Сакраменто славеше триумфираше над Феникс со 128:119.
Прв стрелец во победничкиот тим со 19 поени беше Харисон Барнс, Де’Арон Фокс впиша 18 поени и шест додавања, а Домантас Сабонис имаше 17 поени и осум освоени топки.
На спротивната страна Девин Букер имаше 28 поени и осум асистенции додека Деандре Ајтон додаде 22 поени и 12 скока.
Во останатите натпревари: Мемфис – Далас 112:108, Атланта – Бостон 125:134, Орландо – Мајами 126:114, Њу Орлеанс – Оклахома 96:110, Шарлот – Јута 111:119 и Детроит – Индијана 115:121.
ФОТО: Игор Паневски