Откако станува се поизгледно дека Деклан Рајс на крајот од сезоната ќе го напушти Вест Хем, премиерлигашот од Лондон е во интензивна потрага по негова замена.
И покрај фактот што Вест Хем за предвремен раскин на договорот со Рајс бара обештетување од 100 милиони фунти се чини дека максималната сума која може да ја достигне е меѓу 60 и 80 милиони со заработката од трансферот ќе се обиде да најде соодветна замена.
Како прва опција се смета српскиот репрезентативец Стефан Милинковиќ Савиќ кој во моментов го носи дресот на Лацио.
Милинковиќ Савиќ со римскиот клуб има договор до 2024 година, Лацио бара обештетување од 100 милиони евра, но бидејќи до крајот во тој момент ќе има само уште една сезона се очекува цената да биде далеку пониска.
Се шпекулира дека Лацио можеби и ќе прифати обештетување меѓу 60 и 80 милиони и дека Вест Хем го покрие трансферот со заработката од продажбата на Рајс.
ФОТО: Игор Паневски
