Вечерва од 19 часот и 30 минути во салата на СРЦ Кале ќе се одигра финалето во кошаркарскиот Куп на Македонија, а за трофејот што го носи името на легендата Благоја Георгиевски Буштур ќе се сретнат МЗТ Скопје и Феникс.
Составот од Аеродром во полуфиналето го декласираше минатогодишниот победник ТФТ и со настапот на овој меч ја истакна кандидатурата за триумф во ова натпреварување.
МЗТ Скопје посакува нова победа во мечот против градскиот ривал и очекува дека пехарот по една година пауза повторно ќе го врати во својата колекција.
За актуелниот шампион на Македонија ова ќе биде вкупно 15-то финале во Купот и доколку успее да слави ќе стигне до 11-от трофеј и ќе го надмине вечниот ривал Работнички.
На спротивната страна Феникс за прв пат во историјата има шанса да се бори за пехарот во Купот на Македонија.
Младиот состав предводен од поранешниот репрезентативец Бојан Трајковски на патот до финалето ги елиминираше Гостивар и Пелистер и сигурно во историскиот настап во финалето тимот на Денис Дервишевиќ се обиде да направи ново изненадување.
ФОТО: Игор Паневски