Вести Економија Топ вести

Управителите на „Балкан Јутилитис“ се шират во земјава – регистрирале нова фирма со седиште во Центар

Управителите во бугарската „Балкан Јутилитис“, фирмата со која ЕСМ склучи договор за испорака на гас, сериозно го шират бизнисот во земјава. Еден од управителите во оваа компанија, Савас Агапио, преку „Синтез Грин Енерџи ЛТД“ со седиште во Кипар, во земјава регистрираше нова компанија „Синтез Грин Енерџи – увоз, извоз ДООЕЛ Скопје“, друштво за производство, трговија и услуги. Правниот субјект е основан како микробизнис и со седиште е во Центар.

Претходно, Агапио заедно со неговиот колега Тони Стефанов Баев со кој фигурираат како управители во „Балкан Јутилитис“ регистрираа уште една фирма „Балкан Јутилитис Трејдинг“ преку која сакаат да влезат и во бизнисот со струја.

Двете нови фирми на управителите на „Јутилитис“ се регистрирани во државава во ист период.

КОД: Како е раширен октоподот Балкан Јутилитис и поврзан со контроверзниот руски милијардер Лебедев

Инаку, според пишувањата во медиумите, фирмите со назив Синтез се поврзуваат со контроверзниот руски бизнисмен Леонид Лебедев.

Според информациите, со овој руски олигарх, но и со сомнителни зделки на релација Русија – Грција – Бугарија – Кипар – Девствени острови, се поврзуваат и двајцата управители во „Балкан Јутилитис“ – Савас Агапио и Тони Стефанов Баев.

Од друга страна, пак, бугарската „Јутилитис“ е добро позната на јавноста. Компанијата од почетокот на годинава испорачува гас за потребите на ЕСМ, откако државните електрани ја избраа нивната понуда со фиксна цена. Но, според податоците „Јутилтис“ три години и не работела толку добро, по што е нејасно како и која банка и издала банкарска гаранција. Телма неколку пати се обиде да добие одговор на овие прашања од ЕСМ. Но, државните електрани, спротивно на законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, не одговорија во законскиот рок и се прогласија за ненадлежни, односно дека компанијата не е имател на информацијата.

Исто така, според пресметките на крајните цени, со изборот на бугарската фирма, земјава за јануари и за февруари, ќе плати поскапо за гас од она што е на берзите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе