Вести Македонија

Независниот полициски синдикат бара да се расчисти инцидентот во затворот Идризово

Две групи затвореници во затворот Идризово се степале на новогодишната ноќ. Полицајците се обиделе да ги раздвојат, но и тие влегле во пресметката, по што на крајот успеале да го смират инцидентот. Од независниот полициски синдикат бараат прстот да не се вперува само во полицајците, туку случајот до крај да се испита.

На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката сѐ уште не е завршена, се анализира видео надзорот. Истрагата е во тек. Има телефонски видео снимки излезени од затворот, но, официјално сѐ уште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со задача да одвои групи што се степале, зошто би одговарал полицаецот, праша Делчев Тодев.

Тој додаде дека изгледа, во пракса, наједноставно е, вината да се префрли на полицискиот службеник и тој да одговара. Но, тој наведе дека овој синдикат нема да го дозволи тоа. Тој рече дека веќе биле алармирани адвокатски тимови и се работело на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Локалните избори ќе ја покажат нaшата моќ

Дејан Дејан

Мицкоски не негира дека се преговара зад затворени врати, допрва ќе одлучува за наследникот на Таравари во Здравство

Дејан Дејан

ДУИ: Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот на национализам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе