Поради скинати цевки во котелот на постројката утрово блок 1 на РЕК Битола исклучен од мрежата. Од ЕСМ информираат дека се работи на отстранување на дефектот, за блокот во најбрз можен рок да биде вратен во функција.
Од компанијата наведуваат дека заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.
Во моментов недостатокот од електрична енергија поради дефектот во РЕК Битола се покрива од хидро потенцијалот, а извори за Телма велат дека ЕСМ веќе направила и нова набавка на струја. Во моментов од енергетските капацитети во државата работи само еден блок од РЕК Битола и еден блок од Тец Неготино. Осломеј од завчера е исклучен од мрежата по пожарот од минатата недела кој изби во депото за јаглен.
