Вести Економија

Уште 128 училишта, компании и водостопански компании ќе се снабдуваат со субвенционирана струја

Уште 128 училишта, фирми и водостопански компании влегоа под капата на ЕСМ Продажба и од 1 јануари ќе користат субвенционирана струја, соопшти државната ЕСМ.

Дополнително се вклучени 65 училишта и сега се вкупно 374, 57 фирми од прехранбената индустрија и сега се вкупно 244, како и 6 водостопански претпријатија а вкушната бројка на овие претпријатија е 57.

Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.

Компаниите од потрошувачите од прехранбената индустрија за мегават часа струја плаќаааат субвенционирана цена од 80 евра, додека  училиштата и водостопанствата плаќаат по 95евра за мегават час струја.

Од ЕСМ соопштија  дека до 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023 година, за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе