Вести Економија Македонија Топ вести

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола повторно во погон

Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа. По завршувањето на сервисно – ремонтни активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет, соопшти ЕСМ.

РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор.

„Годинава заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките“, соопштуваат од ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе