Вести Најважни Спорт

Аргентина е нов светски шампион во фудбал, Меси конечно со мундијалска титула

Аргентина е нов светски шампион во фудбал. Аргентинците во финалето на Светското првенство во Катар ја совладаа Франција, по подобро изведување на пенали, со 4:2 и по третпат во историјата се искачија ја фудбалскиот Олимп, а за првпат по 1986 година.

Мечот во основните 90 минути заврши 2:2. Лионел Меси во 23-та минута од пенал и Анхел ди Марија во 36 минута погодија за „гаучосите“, Килијан Мбапе беше двоен стрелец за „триколорите“ во 80-та, односно 81-та минута.

Во екстра времето на „Лусаил“ стадионот во Доха, најпрво погоди Меси во 108-та минута за 3:2, а пенали за Франција обезбеди Мбапе во 117-та минута по ударот од белата точка.

Прецизни реализатори за Аргентина во пенал рулетот беа Меси, Дибала, Паредес и Монтиел, а за Франција погодија Мбапе и Коло Муани, додека Коман и Чуамени не успеаја еда го совладаат Емилијано Мартинез.

На тој начин, Меси го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во кариерата. Франција, пак, остана на трите шампионски титули и не успеа да биде само третата репрезентација во историјата која го одбранила тронот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе