Кошарка Спорт

Фоторепортерот на КК Чаир е тепачот што го нападна кошаркарот на Работнички

На вчерашниот натпревар помеѓу Чаир и Работнички во рамки на 9.коло во Првата кошаркарска лига се случи голем инцидент, кога сред терен беше нападнат играчот на „центарци“, Ерик Нотиџ. Дуелот беше прекинат и регистриран со службена победа на гостите, а според најновите информации, напаѓачот бил вработен во домашниот клуб како фоторепортер.

Инцидентот во салата „Шабан Трстена“ во скопски Чаир се најде и во билтенот на МВР. Според полицијата и нивниот извештај, лицето што го нападна кошаркарот на Работнички било вработено во КК Чаир како фоторепортер. Во вториот период од натпреварот Американецот од таборот на „центарци“ влезе во вербален дуел со еден играч на домашната екипа, по што фоторепортерот втрча на терен и неколку пати со тупаница го удри Нотиџ.

„На 11.12.2022 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Од таборот на кошаркарскиот клуб Чаир се извинија и го осудија инцидентот.

„Овој супер настан, добро организиран, каде навивачите беа на највисоко ниво, супер коректната атмосфера, остана во сенка на инцидентот предизвикан од еден индивидуалец. Како клуб сакаме да им се извиниме на сите љубители на спортот и на нашите навивачи, кошаркарската федерација и на противничкиот клуб“, се вели во дел од соопштението на КК Чаир.

Последнопласираниот тим во лигата сега го очекува парична казна од куќата на кошарката, а салата „Шабан Трстена“ веројатно ќе биде суспендирана неколку натпревари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе