Вести Македонија Најважни

„Огнените“ се договорија со ДУИ – Меџити предложен за потпретседател, а Џафери за претседател на надзорен одбор

По денешната консултативна средба во ДУИ на „огнените“ им се предложени партиски функции – Изет Меџити е предложен за потпретседател а Муса Џафери за претседател на надзорен одбор.

Артан Груби го нема во тесното партиско раководство

На вечерашната консултативна средба во партиското седиште во Мала Речица што ја свика Али Ахмети усогласено е дека  групата на „огнените“ ќе добие функции.

Според неименуван извор од партијата  за потпретседател е предложен Изет Меџити, а потпреседатели би биле и Арбана Пашоли , актуелна пратеничка, како и Арбр Адеми  и Бајрам Реџепи.

За генерален секретар на партијата е предложен Фатон Ахмети а за организационен секретар Блерим Беџети.

Саранда Имери е предложена за трет секретар.  Во тесното раководство би влегол  и Муса Џафери како претседател на надзорниот одбор на партијата. Според оваа предлог листа која според извори на Телма е усогласена со Ахмети, во тесното раководство го нема Артан Груби.

Утре ДУИ ќе одржи Централен совет на кој ќе се бира ново раководство на партијата .

Откако тоа ќе биде избрано се очекува да биде побаран отчет за сработеното од министрите на ДУИ и првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.

„Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови походи“ – изјави Бујар Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе