Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во петок и во сабота ќе има средби со челниците на Влен и на Знам, а во врска со најавената реконструкција.
Тој не откри детали кои министри можат да бидат реконструирани, но кажа дека не размислува за промена на коалиционите партнери. Според Мицкоски односите меѓу владините партнери е коректна.
„Имаме исклучително коректна и би рекол пријателска комуникација со нашиот коалиционен партнер Вреди и очекувам во таа насока да продолжиме
По изборите во 2024, тие беа убедливи победници на локалните избори во 10 општини и не гледам пречка зошто нашата соработка да не продолжи“, рече Мицкоски.
Денеска во Струмица, ВМРО ДПМНЕ го одбележува 36 роденден на партијата. Мотото на прославата е „Македонија забрзува, наша обврска“.
