Вести Свет

(Видео) Кос: Денеска е мега понеделник за проширување, го отвараме првиот кластер за Украина и Молдавија

Денеска е мега понеделник за проширувањето на Европската Унија, ова го изјави еврокомесраката  Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија во 2023 година. Конечно ќе можеме да го отвориме првиот кластер за двете земји бидејќи тие испорачаа, а сега е време да испорачаме и ние, истакна Кос.


Освен што Украина и Молдавија денеска ќе го отворат Кластерот 1,  Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што ќе се приближи до затворање на половина од вкупниот број поглавја.

Денеска е ден што го користиме за да ги повикаме кандидатите да продолжат со спроведување на реформите,изјави Кос.

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

Уапсена е мајката која го фрли на асфалт своето три месечно бебе

Kristina Kuzmanovski

Измерени 1,93 промили кај моторџија, остана без мотор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе