На Светското фудбалско првенство утринава беа одиграни два натпревари. Шведска убедливо го совлада Тунис со 5-1 во рамки на групата Ф, додека Брегот на Слоновата Коска славеше минимално против Еквадор со 1-0 во групата Е.
Јасин Ајари ја најави големата победа на Швеѓаните против африканската селекција, за која и самиот беше во комбинација да настапува, бидејќи неговиот татко е Тунижанец. Александер Исак зголеми на 2-0, а пред крајот на првото полувреме Тунис намали преку Омар Рекик.
Во 59-тата минута Виктор Ѓокереш погоди за 3-1, а потоа Матијас Сванберг ја зголеми предноста на 4-1. Точка на убедливиот триумф на Скандинавците стави Ајари со својот втор погодок, длабоко во судиското надополнување.
Головите од натпреварот можете да ги погледнете – ТУКА.
На вториот натпревар, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор одиграа возбудлив дуел со многу шанси, но само еден погодок. Еквадор трипати ја погоди рамката од голот, а африканската селекција еднаш ја затресе стативата.
Сепак, херој на Брегот на Слоновата Коска беше ѕвездата на Манчестер јунајтед, Амад Диало, кој со гол во 90-тата минута му донесе голема победа на својот тим.
Голот од натпреварот можете да го погледнете – ТУКА.
