Вести Свет

Израелски власти: Договорот на Трамп со Иран не нѐ обврзува

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, изјави дека договорот меѓу САД и Иран не го обврзува Израел и дека земјата нема да се откаже од своите воени цели во Либан.

Договорот на Трамп не нѐ обврзува. Израел не им е потчинет на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме страна во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите борци – изјави Бен-Гвир.

Неговите коментари следуваат откако САД и Иран постигнаа прелиминарен договор за повторно отворање на Ормуската Теснина и за продолжување на кревкото примирје во конфликтот со Иран.

Се очекува договорот да овозможи непречено снабдување на светските пазари со нафта и со природен гас, како и да придонесе за ублажување на енергетската криза што во последните месеци погоди голем број држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ за договорот САД-Иран: „Оружјето сега мора да замолчи“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јапонците го исчистија целиот стадион и го воодушевија светот

Kristina Kuzmanovski

Пожарникари дежураат во штипски села, дали огнот ќе се разгори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе