Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства.
Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел.
За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на конфликтот, а подоцна тоа го потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.
Пред избувнувањето на конфликтот, нафтата „Брент“ се тргуваше по цена од околу 70 долари за барел, но во текот на борбите достигна и до околу 120 долари за баре.
