Вистината е дека македонската економија се распаѓа – граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари. На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра, рече Рената Младеновска на денешната прес конференција на СДСМ.
Според партијата владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема.
Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.
СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани. Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија.
Затоа предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка.
- Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници. Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија. Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали, рече Рената Младеновска на денешната прес конференција на СДСМ.
