Вести Македонија Топ вести

Уапсена е мајката која го тепаше и остави на асфалт своето три месечно бебе

Уапсена е прилепчанката која живеела во Тетово и физички го малтретирала и го фрлила на асфалт своето тримесечно бебе. Новороденчето го спасиле случајни минувачи, кои пријавиле во полиција.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а подоцна го уапсиле и Б.С.(37) од селото Сараќино.

Претходно, во СВР Тетово било пријавено дека В.М. била забележана како физички го малтретира и удира на асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот. За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, посочуваат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење за Пулс: Обвинетите полицајци не направиле потребни проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ добила лиценца за работа

Дејан Дејан

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Денеска е мега понеделник за проширување, го отвораме првиот кластер за Украина и Молдавија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе