Вести Македонија Најважни

Судење за Пулс: Обвинетите полицајци не ги направиле потребни проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ добила лиценца за работа

Обвинетите деветмина полициски службеници во случајот Пулс не ги извршиле потребните проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ да добие лиценца-ова го кажа обвинителката на денешното судење за полицајците.

Тие се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителката Спасенка Андонова рече дека „полицајците не направиле проверки за нарушување на јавен ред и мир и не направиле проверки на терен за сообраќајно решение односно за безбедноста на сообраќајот, а што се услови неопходно потребни  да се проверат за добивање на лиценца“.

„Со обвинението им се става на товар дека овие дејствија не се преземени од нивна страна, како резултат на тоа сепак е дадена согласност и врз основа на таа согласност е издадена лиценца која што овозможила овој клуб и натаму да работи и да остварува имотна корист“, рече Андонова.

Според адвокатите на полицајците се работи за селективна правда. Тие обвинија дека „недостасуваат писмени докази кои се многу важни за одбраната и од кои може да се види дека овие полицајци направиле се за да спречат да се случи трагедија’.

Намерата според адвокатите  е да се обвинат што повеќе лица.

Според адвокатот Емил Нетков: „Не е правда да се обвинат толку луѓе колку што имало загинати“

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп домаќин на борбите на UFC

Дејан Дејан

Комедијата„Чудесна терапија“ утре бесплатно за граѓаните на Скопје

Дејан Дејан

Мировниот договор САД – Иран носи надеж, но рано e за еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе