Рубен Аморим ќе го предводи Милан од клупата во следните две години. Португалскиот стратег и италијанскиот клуб имаат договор, кој официјално ќе биде потпишан оваа недела.
Аморим во јануари годинава беше отпуштен од Манчестер јунајтед поради слабите резултати, а неговиот ангажман во Милано е добра вест за премиерлигашот. Англискиот клуб ќе заштеди милиони евра, кои ќе мораше да му ги исплати на Португалецот како дел од спогодбата за предвремен раскин на договорот.
Милан имаше очајна сезона во која од кандидат за титулата финишираше на 5.место и остана без Лигата на шампиони. Веднаш отказ доби тренерот Масимилијано Алегр, како и и тројца челници на клубот.
