Вести Македонија

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите

Има забрзување на процесот на реформите, споредено со Извештајот од минатата година, и искрено се надевам дека годинашниот извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево.

Според Рокас, во тек е подготовка на Извештајот кој треба да се финализира во септември, а до крајот на јуни е рокот за чекорите и мерките што треба да ги спроведат владата и министерствата.

„Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот Извештај на Европската Комисија. Но, она што е поважно е реформската агенда. Европската Унија има блиска соработка заедно со Владата и со министерствата со цел да може да се направи напредок во неколку сфери. Што се однесува на некои чекори или мерки кои требаше досега да бидат спроведени од Владата и од министерствата, нивниот рок истекува кон крајот на јуни. Меѓутоа, генерално, кога ќе се спореди со Извештајот од минатата година, може да нотираме дека има забрзување на процесот на реформите, така што јас искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има и резултати“, изјави амабасадор на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас при денешната посета на Крушево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Дурмиши: Анализата на Пазарна ќе покаже дали ќе интервенираме во маржите

Sasko Dimovski

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе